Societas Classica
ВЕЛИКОТЪРНОВСКИ УНИВЕРСИТЕТ "СВ. СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЙ" - УНИВЕРСИТЕТСКО ИЗДАТЕЛСТВО

Картината на Изтока и Балкана в част от поезията на богомил Гюзел или The Barbarians are Coming... (имагологията в стиховете vs историята на стиховете)


Автори:
Душко Кръстевски

Страници: -

Резюме:

Името на Богомил Ѓузел уште со самото семантичко разложување, отвора еден интересен пристап во македонската современа поезија. Овој автор, неоправдано и незаслужно е маргинализиран во македонската литература и за него дури во еден период е „непрепорачливо“ да се пишува и да се коментира1. Овој автор, со своето поетско деби со стихозбирката „Медовина“ од 1962, даде еден нов тип на позајмување на темите од фолклорот, не како нивно „препишување“ или колаж техника, туку како Јунговско навраќање наназад. Авторот кој ја доживуваше историјата за некои како мајка (се мисли на сите југословенско-комунистички и соцреалистички подобни писатели, кои редовно се „додворуваа“ на официозите, како би добиле нова збирка песни, нов стан или посебни државни привилегии), а за некои маќеа, маштеа, тоа се таквите како него, кои ќе се најдат под пресата на режимот и во одредени мигови ќе бидат дисквалификувани, затворани, следени, отпуштани од работа и ред други „заштитни“ мерки со кои се стимулира автократијата, стравот и медиокритетството. Авторот со себе засекогаш ја носи својата татковина, разложена како татко вина – „баштината вина“. Подеталната поетизирана биографија на Ѓузел е дадена во неговата збирка „Опстанок“ од 20052.


Ключови думи:


Изтегляне


218 изтегляния от 15.3.2018 г.